Бугарската влада го преживеа гласањето недоверба, илјадници луѓе протестираат

17

Бугарската конзервативна влада на премиерот Бојко Борисов го преживеа денес гласањето недоверба кое го иницираа опозициските социјалисти, додека демонстрантите и понатаму ја обвинуваат власта за корупција и поврзаност со олигарските.

Предлогот за изгласување недоверба го отфрлија 124 од 237 пратеници во парламентот, 102 пратеници гласаа „за“, додека 11 беа воздржани.

Илјадници Бугари со денови протестираат на улиците на Софија барајќи оставка од Борисов и главниот државен обвинител, кои ги обвинуваат за корупција и мафијашки врски.

Опозицијата на коалициската влада на десниот проевропски центар ГЕРБ и двете националистички партии ѝ префрла „цела непрекината низа корупциски скандали“.

Но, 61-годишниот Борисов, на власт од 2009 година, одбива да попушти под притисоците и порачува дека сака да го одработи мандатот до крај и со реконструкција на владата да ја докаже независноста од министрите за кои постои сомнеж дека работеле за интересите на економските кругови.

Расправата се одвиваше без Борисов кој учествуваше на самитот на лидерите на ЕУ за европскиот фонд за обнова на економијата на земјите најпогодени од коронакризата.