Бугарскиот претседател е во самоизолација

11

Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација бидејќи неговата сорруга Десислава е со позитивен тест за корона вирусот, соопшти прес службата.

Десислава Радева е во добра состојба, додека бугарскиот претседател има негативен тест за Ковид-19. Тој ги откажа средбите закажани за следните денови, се додава во соопштението.