Вест за која пишуваат светските медиуми: Џенифер Анистон станува мајка на 52 години?

8

Американската актерка Џенифер Анистон ја доживеа својата слава во серијата „Friends“, толкувајќи ја култната Рејчел Грин. По долгогодишната пауза, тимот повторно се обедини за снимање на специјална епизода, а фановите едвај чекаат повторно да ги видат на малите екрани.

Извор близок до актерката изјавил за магазинот „Closer“ дека Џенифер во таа прилика ги израдувала своите колеги со веста дека ќе стане мајка. Анистон по два разводи одлучила да посвои девојче кое го запознала во сиропиталиштето „Casa Hogar Sion“ во Мексико, а посвојувањето се очекува да се случи во јуни оваа година.

„Џен беше уверена дека обединувањето со колегите е вистински момент да ја објави веста дека ќе стане мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но сакаше да ги изненади момците на снимањето“, рекол изворот.

„Тие беа заедно во текот на цела една деценија, ги преживеаја сите детали од своите животи и се поддржуваа меѓусебно во текот на сите тешки времиња, вклучувајќи ја и борбата на Кортни да стане мајка и болниот развод на Џенифер од Бред“, додал изворот за магазинот.

„Знаејќи колку отсекогаш го сакаа ова за неа, на Џенифер ѝ беше стресно самото соопштување на веста, но сепак сакаше со нив да ги подели среќните моменти и да го прослави ваквиот пресврт во нејзиниот живот. Сите беа пресреќни кога им ја соопшти веста“.

Иако пред 10 години се појавија шпекулации дека Џенифер ќе посвои дете, таа ги демантираше истите, но изворот вели дека актерката Кортни Кокс ја поддржала во процесот на посвојување кој сега трае повеќе од една година.