(ВИДЕО) Борисов предизборно: Го соблече своето сако и му го подари на градежен работник

31

Претседателот на бугарската влада Бојко Борисов направи невообичаен гест откако при посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан, еден од нив му го пофали сакото, а тој го соблече и му го подари.

„Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво“,му рече работникот на Борисов.

Овој му одговори дека е квалитетно и треба да си земе, но веднаш потоа ги праша своите соработници дали има друго сако во автомобилот и, без да чека одговор, го соблече и му го подаде на работникот.
https://www.facebook.com/100006542380422/videos/3028188980742485/

„Ако ти е точно, веднаш ќе ти го дадам“, му рече Борисов.

Работникот го проба сакото и големината му одговараше.

„Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам“, рече Борисов предизвикувајќи одушевеност кај присутните.

Наредниот месец, на 4 април, во Бугарија ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори. Партијата ГЕРБ на Борисов, според последните анкети, е во водство пред опозициската Бугарска социјалистичка партија.