Видео: Моментот кога делови од граната погодуваат зграда во Киев

11

На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот кога облакодер во Киев е погоден од ракета.

Утрово во киевскиот кварт Шевченковски е погодена 12-катна станбена зграда, а најмалку две лица се повредени.

Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека добила пријава во 6:16 часот и дека делови од граната паднале во зградата.

Тие наведуваат дека се урнал горниот кат и дека е оштетена 9-катница во населбата.

Службата за итни случаи наведува дека во погодената зграда избувнал пожар, но дека бил изгаснат за половина час. Според досегашните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата. Потрагата по уште потенцијални жртви продолжува.