(Видео) Случаен минувач спаси бебе кое престана да дише на пат во Србија, се огласи дедото на бебето

51

„Човеку ќе ти бидам благодарен до крајот на животот. Прекрасен човек и вистински херој“. Ова се зборовите на Градимир В., дедо на едногодишно бебе чиј живот го спаси случаен минувач.

Имено, мајката со своето едногодишно бебе се враќала од лекар во Обреновац, бидејќи малото имало висока температура. Во еден момент забележала дека на детето му се слошило и се онесвестило.

На видеото може да се види дека вознемирената жена го запира возилото, го зема синот од задното седиште и се обидува да му помогне. Потоа доаѓа друг автомобил и се стрчува маж, земајќи го во раце бебето кое не дише.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во неможност да го освести, мажот го става бебето на земја и почнува да му дава вештачко дишење. Почнува страшната трка со времето во борбата за животот на малиот.

Херојот на денот кој го спаси бебето е Марко Д., кој за среќа успева да го реанимира детето. Го држел цврсто во рацете додека не пристигнала брзата помош, пишува „Блиц“.

„Бебето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици, изјави Марко.

Видео од оваа драма вчера беше објавено на социјалните мрежи, а коментар остави и дедото на бебето кое престана да дише.

На прашањата на другите засегнати граѓани, тој рече дека бебето Вук сега е добро, но дека не било затоа што имало висока температура.