Виетнам има население од 95 милиони, 262 пациенти и нема смртни случаи

Кaко земја што нема смртни случаи, а бројот на заразени од коронавирус е изразен во стотици, Виетнам доби пофалби од Светската здравствена организација (СЗО) и може да послужи како пример за земја која успева да ја спречи пандемија.

10

 

И покрај тоа што граничи со Кина, Виетнам досега ја избегнува ситуацијата што коронавирусот ја донесе во Европа и Соединетите држави, преземајќи навремени и одлучувачки мерки како што се распространето тестирање и строгиот карантин.

Според бројачот на „Џон Хопкинс“, бројот на заразени лица во Виетнам е 262, во земја во која има повеќе од 95 милиони жители.

Официјалните статистики покажуваат дека 75.000 луѓе во моментот се ставени во карантин или изолирани во Виетнам. Државата досега има спроведено повеќе од 121.000 тестови.

Во таа комунистичка земја во Југоисточна Азија во моментот нема мртви од Ковид-19, а стапката на инфекција е значително пониска отколку во поразвиените Јужна Кореја, Сингапур, па дури и Тајван – пофалени за нивниот одговор на кризата.

Кидонг Парк, претставник на СЗО за Виетнам, верува дека раната акција била клучна за успехот.

„Виетнам одговори на пандемијата рано и проактивно. Нивната прва вежба за проценка на ризикот се случи на почетокот на јануари, набргу откако беа пријавени првите случаи во Кина“, рече Парк.

Државата брзо формираше Национален управен комитет за спречување и контрола на „Ковид-19“, кој брзо спроведе национален план за одговор на кризи, додава Парк.

Иако има мал број потврдени случаи, Виетнам исто така ја карантираше целата земја на 1 април, многу побрзо и порешително од Велика Британија и Италија, што го сторија тоа кога нивниот број започна да се мери во илјадници.

Владите ширум светот воведуваат карантини за подобро да се справат со постојните епидемии. Виетнам го стори тоа за да спречи национална криза.

Голем дел од успехот на Виетнам може да се припише на неговото социјално единство.