Вилијамс: Во финишот страдав на теренот, дадов сè од себе за победа

0

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс во вторникот го одигра својот прв професионален меч по 364 дена и во првото коло на Вимблдон загуби во неизвесен дуел од 115. тенисерка во светот Хармони Тан. По дуелот таа не го криеше разочарувањето, но не бараше изговори за поразот.

„Знаете, понекогаш треба да прифатите дека сте дале сè од себе. Можеби би можела да дадам повеќе следниот ден, но ова беше сè што можев да направам. Во одреден момент треба да се помирите со тоа. Не можам да го променам времето, само се трудам да дадам најдобро што можам во моментов.

Во овој момент не можам да зборувам за иднината. Навистина не знам. Кој знае што ќе се случи. Имав огромна мотивација, особено имајќи предвид како го завршив претходното учество на Вимблдон, но и големата пауза. Сепак, за време на последните неколку поени навистина страдав на теренот“, изјави 40-годишната Серена Вилијамс по поразот.

Тан за следна противничка во Лондон ќе ја има Шпанката Сара Сорибес Тормо.

Серена ВилијамсСЕРЕНА ВИЛИЈАМСХармони ТанХАРМОНИ ТАН