Вице Заев за „Фокус“: Се што кажа Мицкоски е лага

10

Христијан Мицкоски е очигледно опседнат со мене, вели Вице Заев, брат на ппремиерот, кого некои медиуми го поврзаа со лицетот Вице Н. кое денеска беше споменато на брифингот на лидеорот на ВМРО- ДПМНЕ за афера во РЕК Битола.

Опозицијата обвинува за корупција во РЕК „Битола“, се споменува лице Вице Н.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека ништо од кажаното нема врска со реалноста, дека станува збор за лага и измислица.

„Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицковски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила“, вели Заев за „Фокус“, коментирајќи ги обвинувањата дека изнудил 250.000 евра од компанија од Битола која добила тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола.

Тој ги повика надлежните институции целосно да го испитаат случајот, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што вели, да престане преку познаници да му упатува закани дека „живеел за да ми наштети“.

Иако ниту во докуменентите, ниту Мицкоски на брифингот не го спомена името на Вице Заев, туку Вице Н. од Струмица, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавата на Заев.

„Јавноста виде дека рекетираните пари завршувале во струмичкиот хотел за кој одамна говоревме. Јавноста виде дека биле вршени притисоци врз компании директно од страна на семејството Заеви. Јавноста виде дека биле правени промени и фалсификати на изјави на оштетените странки од страна на обвинителството и МВР. На крајот на краиштата со овој случај се потврдува исказот даден пред суд дека сите рекетирани пари треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев“,
се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.