Владата пред одлука: Се враќа ли полицискиот час?

6

Во март минатата година, тогашната техничка Влада, за првпат во земјава прогласи забрана за движење од 21 до 06 часот, со цел справување со првиот бран на ковид-19
Владата, на денешната седница, ќе одлучува по предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час во земјава, поради зголемувањето на бројките на заразени и хоспитализирани поради ковид-19.

Здравствените власти предлагаат полицискиот час да трае две недели, колку што е еден епидемиолошки циклус, така што ќе биде забрането движење од 22:00 часот навечер до 05:00 наутро на територија на цела држава.

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, вчера му предложи на Главниот координативен кризен штаб воведување полициски час.

Од Министерството за здравство наведоа дека Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот.

„Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани. Од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект“, се наведува во предлогот.

Инциденцата, како што посочи министерот Филипче, најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира така што има зголемен прилив на пациенти во болниците.

Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а во Скопје се врати во функција модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти, потенцира министерот, не е така нагол, како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика без оглед на зголемувањето на инциденцата.

„Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато, односно дали бранот кој сега се јавува ќе биде идентичен на тој во ноември. Тука има поделени мислења на епидемиолозите. Но, ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирање по затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини“, рече Филипче.

Тој рече дека освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорака за други мерки, како што е одложување на пописот.

Зголемените бројки на ковид-19 нема да го прекинат „пребројувањето“, ама може да донесат нови рестрикции

Во март минатата година, тогашната техничка Влада, на чело со Оливер Спасовски, за првпат донесе одлука за прогласување полициски час на целата територија на државата, поради ситуацијата со ковид-19, откако неколку дена претходно премиерно беше прогласена и вонредна состојба. Полицискиот час првично траеше од 21 до 06 часот, а потоа неговто времетраење се менуваше, согласно со предлозите што ги даваше Комисијата за заразни болести за справување со првиот бран на ковид-1