Владата ќе ангажира економски советници за привлекување странски инвестиции

19

Владата на СДСМ-ДУИ имаат намера да привлечат странски инвестиции преку методот на Никола Груевски, иако кога СДСМ беше во опозиција ги нарекуваше неуспешни економските промотори на Груевски, а сега ги промовира, нарекувајќи ги „економски советници“. Во 2016 година, СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за економски промотори кои не успеваат и не ги испорачаат планираните резултати од 8 милијарди евра директни странски инвестиции.

Денес премиерот Заев верува дека преку економските промотори ќе се отворат нови работни места, и ќе се зголеми извозот на домашни производи.

Ревитализацијата на економската дипломатија преку економски советници ја презентираше министерот за надворешни работи Османи. Сепак, акциониот план одобрен од владата не е детален, не содржи рокови кога ќе биде испратен првиот економски советник, или кога се очекува првата странска инвестиција.

„Веќе Министерството го подготвува тој курс. Верувам и се надевам дека во пролетта 2021 година веќе ќе ги испратиме првите дипломати како економски советници во нашите застапништва“, вели Османи.

Првите економски промотори на земјата беа испратени во 2008 година и до 2017 година земјата имаше вкупно 33 такви, распределени низ целиот свет. Нивната месечна плата беше од 2.500 до 3.000 евра и ја чинеа државата вкупно 1,2 милиони евра. Владата на Заев ги укина економските промотори во 2017 година, но се обиде да ги врати минатата година, со ангажман на 30 лица во Америка, Германија и Турција преку Дирекцијата за слободни зони.