Властите во Чиле се сомневаат дека разорниот пожар кој уништи многу домови бил подметнат (ВИДЕО)

5

Најмалку 120 домови се уништени во шумските пожари кои брзо се раширија во чилеанскиот град Валпараизо, принудувајќи го населението на масовна евакуација, пренесува Би-Би-Си.

Шумските пожари кои беснееле на неколу локации брзо се ширеле, за потоа да зафатат две области во кои живее сиромашно население. Според информациите од локалните власти, сите пожарникари се испратени на терен за да се справат со огнената стихија.

Граодначалникот на Валпараизо, Хорхе Шарп, изјави дека пожарите биле подметнати, а засега нема информации за жртви.

Се верува дека главната причина за брзото ширење на пожарите е силниот ветар, проследен со високите температури.

Во моментов, дотокот на струја е прекинат за речиси 90.000 корисници во регионот, како мерка за претпазливост.

Две училишта се претворени во привремени засолништа за засегнатите граѓани, кои биле принудени да бегаат за време на прославата на Божиќ.