ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе бира ново раководство

2

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва закажа Централен комитет, на кои треба да се изберат нови потпретседатели и нов состав на Извршниот Комитет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју пред неколку дена истакна дека ќе има четворица потпретседатели, односно двајца нови, но засега нема официјални имиња.

„В понеделник имаме Централен комитет , ќе излезам пред членовите со новиот состав на Извршниот комитет. Ќе има проширување, ќе има и нови луѓе. Ќе бидат некаде околу 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица“, рече Мицкоски.