ВМРО-ДПМНЕ ja поднесе интерпелацијата за Талат Џафери

5

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на македонија денеска во Собранието ја поднесе интерпелацијата за спикерот Талат Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се стават партиските договори на страна и СДСМ да ја гласа интерпелацијата. Од спикерот на собранието Талат Џафери ВМРО-ДПМНЕ побара да ја стави интерпелацијата на седница и да не ја крие во фиока.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека откако Џафери е избран за претседател на собранието, сѐ почесто макдонските граѓани биле сведоци на скандали во неговото работење. За или против оваа интерпелација засега не се изјаснија и другите опозициски партии.