Водата во Крушево мора да се преврива

4

Крушевчани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод. Доколку ја користат, мора претходно да се преврива, информираат градските власти на Крушево.

Како што потврдуваат од јавното комунално претпријатие „Комуна“, по обилните врнежи од дожд изминатите денови може повторно да дојде до заматување на водата. Токму затоа е предупредувањето да не се пие непревриена вода.

Крушевска „Комуна“ врши редовни проверки за исправноста на водата.