Во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс нема нови случаи на ковид-19!

13

Се очекува на 23 ноември да се отстранат сите ограничувања во поглед на движењето на граѓаните.

Во австралиската држава Викторија, во последните 14 дена, се потврдени 6 случаи на заразени од коронавирус, или 0,4 просечно дневно, објавуваат локалните медиуми.

Нема потврдено нови случаи на ковид-19 во Викторија (понеделник, 9 ноември во Викторија) и тоа е десетти ден без нови случаи во оваа држава.

Нема нови локално стекнати инфекции на корона вирус и во Нов Јужен Велс, веќе втор ден по ред.

Се очекува премиерот Даниел Андрус да објави ублажување на мерките, вклучувајќи го и отстранувањето на т.н Мелбурнски челичен прстен, каде движењето е ограничено во радиус од 25 километри. На жителите ќе им биде дозволено да патуваат низ целата држава, а на 23 ноември се очекува и официјално да се отстранат сите мерки.