Во Австралија горат 40 пожари

5

Перт, 9 октомври – Најмалку 30 куќи изгореа во повеќе од 40 пожари кои без контрола горат во источна Австралија, и кои ги гасат околу 500 пожарникари.

Според локалните медиуми, температурите на воздухот денеска се пониски, а на пожарникарите вчера проблем им правел силен ветер.

Најмногу е погодено селото Рапвил со 250 жители, од кои повеќето ноќта ја поминале во локалното училиште. Постои сомневање дека пожарот во селото е намерно подметнат.

Портпаролот на локалната противпожарна служба Мајкл Брет рече дека „во областа е забележана сомнителна активност“.

Досега изгореле 100.000 хектари ниска вегетација, а дожд се очекува во петок.