Во Грција измерена највисока температура во историјата на земјата

15

Измерените 46,3 целзиусови степени е највисока температура во историјата на Грција. Оваа историски највисока температура е измерена во грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида.

Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер.

Оваа температура, освен во Грција, беше највисока регистрирана во Европа во понеделникот.

Поради високите температури, Грција е погодена од серија големи пожари.