Во Грција на одмор со мерење темпeратура и тестови?

Грција подготвува нови правила во туризмот за коронавирус.

30

Патувањето ќе се изврши само под „одредени нови правила“, објави грчкиот министер за туризам додека се подготвува да разговара со своите европски колеги за животот во ерата Ковид-19.

„Ако сакаме да размислиме за можноста за патување оваа година, мора да има одредени нови правила “, рече министерот за туризам Хари Теохарис.

Грчката економија е многу зависна од секторот за туризам.

„Треба да имаме нови правила за хотелите, нови правила за плажи, нови правила за базени, нови правила за кафе-баровите, нови правила за туристички автобуси“, објасни тој во интервјуто за „Гардијан“.

Како ќе функционираат регулативите и како ќе изгледаат, барем во Европа, ќе бидат главните теми на дискусија помеѓу министрите за туризам на ЕУ на земјите-членки на ЕУ на состанокот денес (понеделник). Тие, исто така, ќе разговараат за безбедносните мерки, како и дали да се издадаваат сертификати за имунизација. Исто така, веројатно ќе се појави и прашањето за проверки на температурата на патниците и тестови на крвта пред летовите.

Светскиот туризам е меѓу најтешко погодените сектори, во кој се вработени околу 75 милиони луѓе. Во Грција, туризмот претставува 20% од БДП и обезбедува едно од пет работни места во земјата.

Теохарис предвидува дека Грција може да ја посети „помалку од една третина од туристите кои одмораа во земјата во 2019 година. Минатата година Грција ја посетиле 33 милиони туристи, што е трипати повеќе од вкупното население на балканската држава. Земјата објави невиден приход од туризам од 18,2 милијарди евра минатата година.

Во Грција има повеќе од 2500 заболени од коронавирус, а 130 починати.