Во Грција се забранети собири над 100 луѓе – казни и до 5 000 евра

11

Дел од медиумите во Грција одлуката ја коментираат како дозвола за собири до 100 лица
Од денеска до 1 февруари, во Грција се забранети јавни собири на повеќе од 100 лица, а за непочитување казните се од 300 до 5 000 евра.

Одлуката е по препораката од Комисијата на епидемиолози од 22 јануари за јавни собири на отворено за да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот.

Дел од медиумите во Грција, како што јави МИА од Атина, забраната за јавни собири на над 100 лица, ја коментираат како дозвола за собири до 100 лица.