Во изминатото деноноќие произведени 16 811 мегават-часови електрична енергија

3

АД ЕСМ вчера (19 март) произведe 16 811 мегават-часови електрична енергија, намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите зa дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

-Во термоелектраните се произведени 10 579 мегават-часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6232 мегават-часови електрична енергија, соопшти владината прес-служба пренесувајќи ги податоците преземени од Диспечерскиот извештај на АД ЕСМ за 19 март 2023.