Во поголем број француски градови задолжително носење маска и на отворено

20

Метрополата Лил, Туке, над седумдесет градови во Мајен воведоа задолжително носењето маска во некои делови од јавниот простор, со цел да се спречи повторување на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Наспроти разгорувањето на епидемијата во Франција, повеќе градови одлучија во соработка со префектурата задолжително носење на маска на отворено.

– Префектите со указ отсега ќе можат да го прошират задолжителното носење на маски и на јавните отворени места. Оваа одлука може да биде донесена локално, изјави министерот за здравство Оливие Веран.