Во судот се прегледува Боки 13 за да се утврди дали може денеска да му се суди

3

„Не се чуствувам добро. Од сабајле 10 пати повраќав. Имам исклучителна желба да учествувам активно во процесот, но не сум во состојба“. Ова на стартот на денешното судење за случајот „Рекет“ го кажа обвинетиот Бојан Јовановски.

Тој пред судот додаде и дека не му била дадена терапија за новата дијагноза.

Судијката Васка Николовска -Масевска прочита и образложение кое било испратено од затворекиот лекар.

-Ги има вообичаените здравствени проблеми, вртоглавици, тешко е компактибилен и не е во состојба свесно да ги следи судските рочишта, прочита судијката, која додаде дека лекарот бил сведок на две ситуации кога животот на Јовановски бил животно загрозувачки.

Обвинителката Вилма Русковска пак рече дека лекарите од „8-ми Септември“ утврдиле дека состојбата на Јовановски е добра.

-Бидејќи лекарите утврдиле дека е во добра здравствена состојба и јас верувам во тоа. Ниту еден доктор не би ризикувал да ја изгуби лиценцата. Мислам дека само сакаат да се одоговлечи судењето, рече обвинителката Вилма Русковска.

Судијката истакна дека во судот има медицинска екипа која најпрвин ќе го прегледа обвинетиот, по што ќе се одлучи дали судењето ќе продолжи.

фото Фокус