Во Токио ќе има повеќе тестирања отколку натпреварувања

7

За неколку часа ќе бидат отворени Летните олимписки игри во Токио, а ситуацијата со пандемијата со коронавирусот е загрижувачка. Затоа сите олимпијци и членови на делегации на Игрите во јапонската престолнина ќе мора да поминуваат низ големи предизвици за време на двонеделните натпреварувања.

Тие ќе треба да носат маски во сите ситуации каде што постои можност да се дојде воконтакт са друга личност. Ќе мораат да држат дистанца од намалку два метри, редовно и темелно ќе мора да ги мијат рацете со сапун и вода, ќе мора да избегнуваат допири на очите устата и носот. За време на кивањето и кашлањето ќе мора да ја покријат устата со лактот, да употребуваат средство за дезинфекција за раце на база на алкохол, избегнубање на престој во затворени простории каде што престојуваат повеќе луѓе. Чистење на опремата за тренинг, натпреварување пред и после индивидуална употреба, користење посебни пешкири и шишиња за вода, избегнување на јавни места и јавен превоз. Туширање во сопствената соба пред и после натпреварувањето.

Сите спортисти ќе мора да поминат низ многубројни тестови, а прашање е како ќе се прилагодат кон ваквите услови, бидејќи буквално секој ден ќе бидат тестирани кога ќе одат на тренинг и пред секое натпреварвање. Исто таска секој спортист и секој член на делегација ќе биде тестиран при пристигнувањето на аеродромот во Токио, потоа тест ќе има и пред влезот во олимпиското село и пред секој настап. Доколку некои биде позитивен веднаш се става во изолација, во хотел предвиден за таа намена.