Во Турција се регистрирани уште 12 нови случаи на коронавирус, бројот се зголеми на 18

5

Во Турција над 10.000 луѓе се во карантин по пристигнување од Медина.

Во Турција во последните 24 часа се регистрирани уште 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени во земјата веќе се зголеми на 18 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на министерот за здравство Фахретин Коџа.

Во Турција над 10.000 луѓе се во карантин по пристигнување од Медина.

Во Италија починаа рекордни 368 лица во последните 24 часа како последица на коронавирусот, јави Франс прес.

Австриското министерство за здравство вчера објави дека во земјата има 800 потврдени случаи на зараза.

Владата во Шпанија од денеска планира да ги стави своите 47 милиони жители под делумна изолација како дел од 15-дневниот план за вонредна состојба.