Во Флорида пронајдени 145 гробови под средно училиште (ВИДЕО)

19

Под средното училиште во Тампа, Флорида, пронајдени се околу 145 лешови, за кои се верува дека припаѓаат на историски гробишта од средина на 20 век.

Школскиот одбор во округот Хилсборо соопшти дека техничарите пронашле јасни докази за погребувања на подрачјето на кампусот на средното училиште „Кларенс Леон Кинг“, пишува Си-Ен-Ен.

Од училиштето сметаат дека лешовите се дел од гробиштата Риџвуд од раните четириесетти, кои биле во сопствеништво на градот. Школата била отворена во 1960 година.

Тања Арја, портпаролката на школскиот округ, рекла дека надлежните служби започнале истрага минатиот месец откако школата добила дојава дека веројатно се наоѓа на локација на бивши гробишта.

Лешовите се најдени на длабочина од 3-5 метри близу до зградата на училиштето. Според историски извори на тоа подрачје би можеле да се најдат повеќе од 250 гробови на афроамериканци.