Вработувања во кабинетот на премиерот Заев

28

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на тројца кандидати во Кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Според објавениот оглас, се бара раководител на сектор за следење на спроведување на Програмата на Владата, за нето плата од 37.631 денар.

Втората работна позиција која треба да се пополни е помлад соработник, со нето плата од 22.020 денари и третото работно место е за помошник раководител на сектор за односи со јавноста и протокол за нето плата од 31.304 денари.