Вучиќ: Кој стои зад критиките за вакцината на АстраЗенека?

17

Зад критиките за вакцината АстраЗенека стои активноста на фармацевтското лоби и ниската цена по која се продава вакцината, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Она што го купивме за 12, 13 и 14 долари сега е 20 долари. AstraZeneca е евтина, бидејќи е направена од страна на Оксфорд за да се сподели со човештвото и чини пет долари. А станува збор за милијарди дози. Од таа причина сега се водат медиумски војни и тие велат дека таа е лоша вакцина. И истата остава добри антитела“, изјави Вучиќ при посетата на Институтот за вирусологија и серуми Торлак кога ги предаде вакцините од „АстраЗенека“ за Република Српска.

Тој рече дека не знае која е состојката на која било вакцина и дека му е доволно да слушне од докторот дека има се што треба во истата.

„Германија најпрво одлучи дека не можат да примат вакцина АстраЗенека постарите од 65 години, а сега не можат да примат вакцина на возраст под 60 години. „Замислете да донесевме такви контрадикторни одлуки, ќе не обесеа на оџаков тука“, рече тој.

Вучиќ рече дека Србија требало да прими повеќе од тие вакцини преку програмата ковакс, но дека сега им велат дека не им се потребни затоа што имале вакцини.

„Па што ако имаме, не ни ги дадовте вие вакцините. Дали сега треба да го казниме оној што беше паметен и способен да набави вакцини? „Да казниме некој што е добар студент“, праша тој.