„Гази Баба хип-хоп фест“ денеска во Автокомада

23

На плоштадот Коцка во Автокоманда и во Домот на култура „Димитар Влахов“ денеска ќе се одржи „Гази Баба хип-хоп фест“. Фестивалот, во организација на општина Гази Баба, се одржува втора година по ред.

„Гази Баба хип-хоп фест“ ќе почне со Диџеј работилница  на плоштадот „Коцка“ од 15:30 до 17 часот, наменета за сите млади на возраст од 10 години па нагоре, која ќе се одржи.

Од 17: 30 до 18:30 часот ќе се одржи „Tiny desk concert“, мал уметнички перформанс, наменет за оние кои сакаат да се запознаат со суштината на хип-хоп културата, кој ќе се одржи во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда.

Во 19:00 часот, на плоштадот Коцка во Автокоманда, почнува рап-концерт. Влезот за сите настани е бесплатен.