,Гебрејезус: Националистичкото присвојување на вакцината не е добро. Не може да ни помогне

14

Вакцината против коронавирусот да биде општа, вообичаена алатка која ќе му овозможи на човештвото да се бори против пандемијата.

Вели генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус осудувајќи го суди „националистичкото“ присвојување на идната вакцина против опасниот вирус.

„Националистичкото присвојување на вакцината не е добро. Не може да ни помогне“, рече тој на видео-форумот за безбедност во Аспен. Според него, потребен е глобален консензус за вакцината да биде јавно добро. На тоа, не треба да се гледа како на давање за добротворни цели. Тоа е и давање за себе, затоа што кога светот ќе се лекува и ќе се отвори, сите ќе имаат корист“. Во моментов, се развиваат 26 различни вакцини, сите во различни фази на тестирање, вклучувајќи и шест „во добра фаза“, потврди директорот за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан, изразувајќи умерена надеж за успех.