Гејтс за светот по ковид-19, дали ни доаѓаат подобри денови или не?

26

Неговата фондација, која ја води заедно со неговата сопруга Мелинда, одвои 1,75 милијарди долари за истражување и медицински материјали во борбата против коронавирусот.

Релативно неодамна вакцинираниот против ковид-19, милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс откри за „Ел Паис“ некои од неговите ставови за постпандемискиот свет.

Тој вели дека најдраматичните ефекти од пандемијата во голема мера ќе преовладуваат во следната година и дека работите нема да се вратат во нормала дури следното лето, под услов да се вакцинираат најмалку 70% од населението.

Неговата фондација, која ја води заедно со неговата сопруга Мелинда, одвои 1,75 милијарди долари за истражување и медицински материјали во борбата против коронавирусот.

Новинарката Монсерат Домингез го праша и што мисли за движењата против вакцините и се почестите протести на социјалните мрежи?

– Проблемот станува многу сериозен ако ваквите приказни ги тераат луѓето да веруваат дека носењето маска или вакцина не е важно. И покрај тажната година за нас, и овие денови, можеме за добри цели да ги користиме иновациите што го виделе светло на денот, како што е техниката на РНК – наведува Гејтс.