Главниот сојузник на Путин се заканува, Украина е решена, следна е Полска

0

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, главен сојузник на рускиот претседател Путин се заканува дека по освојувањето на Киев, следната цел е Варшава.

Тој во пропагандно видео објавено на социјалните мрежи тврди дека војната во Украина е веќе добиена и дека се тргнува накај Полска.

„Плановите се грандиозни. Веќе развиваме таков за демилитаризација на земјите членки на НАТО. Полска е првата наредна на таа листа”,вели Кадиров во видеото.

Рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата врз Украина вчера доби поддршка и од иранскиот врховен водач ајатолахот Хамнеи. За него руската инвазија е исправен чекор бидејќи ако тоа не го сторела Русија, војната ќе ја повел НАТО.

„Војната е сурова и воопшто не ни е драго за страдањата на обичните луѓе, но во случајот со Украина, ако Русија не преземеше акција, тоа ќе го стореше другата страна. НАТО е опасна организација а Западот не сака да има силна и независна Русија. Ако патот му беше отворен, тој не знае за граница. Ако не беше запрен во Украина, тој за кратко време ќе почнеше војна на Крим“,вели Хамнеи.