Глумицата Тања Робертс која ја прогласија за мртва, сепак, е жива

31

Познатат глумицата Тања Робертс која вчера речиси сите светски медиуми ја прогласија за мртва, сепак е жива.

Актерката која играше со Роџер Мур во филмот со Џемс Бонд „A View to a Kill“ е хоспитализирана откако паднала во нејзиниот дом. Нејзиниот публицист Мајк Пингел потврди дека е жива, но изјави дека е во тешка состојба.

Пингел по грешка ја пријавил 65-годишната актерка за мртва, што беше причина голем број светски медиуми, меѓу кои и реномираните Си-Ен-Ен и Би-Би-Си да објават дека починала.

Пингел подоцна изјави дека Робертс и натаму е жива, но во ложа состојба. Пингел најави нови вести кога ќе има повеќе информации за состојбата на Робертс.

Претходно тој рече дека Робертс колабирала во нејзиниот дом и бил примена во медицински центар во Лос Анџелес.