Гутереш најави дека следната година ќе свика климатски самит, каде ќе бидат понудени опипливи решенија

6

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека ќе свика самит за климата следниот септември и ги повика шефовите на држави и лидерите во бизнисот, граѓанското општество и финансиите да преземат „нова, опиплива и акција која влева доверба“.

– Поканата е отворена. Но, цената за учеството не подлежи на преговори – сериозни и нови климатски активности и решенија засновани на природата кои ќе одговорат на итноста на климатската криза и кои инспирираат доверба, рече Гутереш на годишната прес-конференција.

Тој рече дека ќе продолжи да се залага за договор за климатска солидарност, што ќе бара од големите производители на стакленички гасови да вложат дополнителни напори за намалување на емисиите оваа деценија и да обезбедат поддршка за оние на кои им е потребна.

Гутереш, исто така, рече дека „нема да отстапи од стремежот за мир во Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН“.

Тој рече дека „не е оптимист“ за можноста за успешни мировни разговори за решавање на конфликтот во блиска иднина и верува дека воениот судир ќе продолжи. Но, додаде дека „силно се надева“ дека може да се постигне мир во Украина во 2023 година.