Девојката на Бред Пит со нова фотографија по веста дека Џоли е бесна

19

Новата девојка на Бред Пит, Никол Потуралски, сподели фотографија на Инстаграм во неделата, а објавата доаѓа по веста дека Анџелина Џоли е бесна за патувањето на новиот пар во дворецот „Шато Миравал“ во Франција.

27-годишната манекенка е со широка насмевка додека позира во црни шорцеви со висока половина и шик марама во маслинова боја, украсена со иконското лого на брендот „Фенди“, врзана околу торзото како топ.

„Среќна недела“, напиша таа во описот на објавата.

Фотографијата со идилично опкружување се појави по статијата во „Сандеј мирор“ дека Анџелина Џоли е бесна бидејќи поранешниот сопруг Бред Пит ја однел девојката во Франција на местото каде што тие се венчале пред шест години.

Кон крајот на август, Никол (27) и Пит (56) уживаа во романтично патување во неговиот дворец „Шато Миравал“ во Франција, каде што оскаровецот произведува розе шампањ од 390 долари.

Но, посетата, наводно, ја налутила неговата поранешна сопруга бидејќи замокот бил местото каде што се венчале во 2014 година. „И што е уште полошо, Бред и Никол беа во посета само неколку дена по датумот кој би бил шеста годишнина од неговиот брак со актерката“

„Енџи е бесна и целосно зачудена дека Бред може да се спушти на ова ниско ниво“, изјави извор за „Мирор“.a