Делови од светот сведочеа на првото целосно помрачување на Месечината по повеќе од две години

12

Делови од светот ноќеска сведочеа на првото целосно помрачување на Месечината по повеќе од две години, кое се совпадна со таканаречената крвава супермесечина. Овојпат, во реткиот небесен спектакл можеа да уживаат луѓето во Хаваи, Аласка, Калифорнија, Чиле, Аргентина, Австралија, Нов Зеланд и Југоисточна Азија. Иако целото шоу траеше околу пет часа, целосното помрачување можеше да се набљудува само 14 минути.

Ова беше втората и последна супермесечина за оваа година. Месечината беше во најблиската позиција до Земјата оваа година, на оддалеченост од 360.000 километри, па во комбинација со тоа што беше полна, изгледаше поголемо и посјајно од обично.

Следното целосно помрачување на Месечината ќе се случи во мај 2022.