Денеска погреб на дел од жртвите од пожарот во Тетово

14

Денеска во 14:00 часот се очекува погребување на дел од починатите кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово, дознава Алсат.

Станува збор за жртвите кои веќе се идентификувани.

Потсетуваме дека во средата вечерта во болницата „Ковид“ во Тетово, избувна голем пожар, при што загинаа 14 лица. Некои од нив беа хоспитализирани лекувани од СОВИД-19, додека некои други беа посетители.