Денес во Миланската катедрала ќе пее италијанскиот тенор Андреа Бочели!

Италијанскиот тенот Андреa Бочели денес на каточичкиот Велигден ќе настапи во Миланската катедрала, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутјуб.

65

„Пред неколку дена му се јавив на Бочели. Тој потврдно одговори, значи дека ќе биде во Милано за Велигден, во 19 часот, во празна катедрала, ќе пее сакрална музика“, најави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

„Тоа нема да биде концерт, повеќе можност заедно да се помолиме. Молитва за Милано и за цел свет, соочени со потполно болен, тажен настан, да испратиме порака за Велигден, порака за љубов и искупување“, објасни Андреа Бочели за Corriere della Sera.

Наведе и дека луѓето благодарение на интернетот ќе бидат „поврзани, обединети со суптилна нишка, со вера, која е посилна од секоја привидна оддалеченост“.