ДИМИТРОВ НА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА: Прва средба со министри од Виена

16

Од главните градови низ ЕУ почнува турнејата на Никола Димитров.

Првата средба е најавена за денес а заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања ќе ја има со министри од Виена.

Оваа турнеја, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања доаѓа како последица на заложбите на Австрија да се забрза процесот за проширување на Европската унија со државите од Западен Балкан, но и полесно надминување на коронавирусот и обезбедување на помош-солидарност.

На средбите со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг и министерката за Европа и Устав , Каролине Едштадлер Димитров ќе зборува и за поддрпката која ја дава Австрија во однос на европските реформи кои треба земјава да ги спроведе.