Директен лет на релација од Скопје до Санкт Петербург од 21 септември

29

Оваа есен авиокомпанија Nordwind Airlines ја проширува својата програма и го вклучува новиот лет до Северна Македонија .

Летото од Санкт Петрбург – Скопје , ќе се изведе од 21 септември, еднаш неделно, во вторник.

Од 29 септември, Nordwind Airlines планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.