Директорот на СЗО во Србија: Состојбата со ковид во септември ќе се влоши, ќе има двојно повеќе заразени

3

Директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Маријан Ивануша, вели дека иако нема „кристална топка“, може да предвиди дека работите со пандемијата во наредниот перидо ќе продолжат да се влошуваат и дека очекува двојно повеќе нови заразени на дневна основа …

„Ситуацијата е лоша и очекувам над 3 000 нови пациенти дневно следната недела, а во средината на септември повеќе од 5 000, што ќе биде голем товар за здравствениот систем“,

вели Ивануша во својата оценка на она што ја очекува Србија следниот месец.

Во интервју за Н1 тој ги повика сите да се придржуваат до мерките што важеа досега – редовна дезинфекција, носење заштитна маска и држење дистанца и вакцинација, но, нема одговор на прашањето како да се убедат луѓето да се држат до мерките, имајќи предвид дека очигледна е голема релаксација кај населението.

„Тешко во текот на летото, луѓето размислуваат за одмор, но дури и пред летото, предупредив дека луѓето треба да одат насекаде, но да не го забораваат ковид“, вели Ивануша.

Тој наведува дека вакцинацијата е секако неопходна, иако некој може да се разболи дури и ако е вакциниран, особено кога се работи за делта-сојот, кој многу полесно и побрзо се пренесува, иако најчесто тоа е поблага форма на болеста.

Тој тука ја посочува студијата направена во Израел, која покажа дека заштитата од тешка форма на болеста е релативно добра, но со делта-сојот, ефективноста на вакцините се намалува со текот на времето.

„Вакцинацијата е апсолутно корисна кај делта-сојот, но не може апсолутно да го спречи развојот на болеста кај сите луѓе“,наведува тој.

Тој додава дека во Израел, каде што има близу 65% вакцинирани, бројот на новозаразените во моментов расте, што многумина ја наведуваат неефикасноста на вакцините како причина. Сепак, вели Ивануша, во однос на Грузија, која во моментов е водечка европска земја според бројот на новозаразени, со 170 смртни случаи на милион жители, во Израел таа бројка е 20.

И кога станува збор за третата доза, тој ја повтори позицијата на СЗО да воведе мораториум на третата доза до крајот на септември.

„СЗО е глобална организација, живееме во свет каде се уште нема доволно вакцини, имате земји каде што вакцинацијата штотуку започна. Нашата желба е да се вакцинираат најмалку 10 проценти од населението во секоја земја до крајот на септември, и затоа сакаме да се одложи третата доза“, вели Ивануша и додава дека третата доза дефинитивно треба да се разгледа, но тоа не се знае точно кога – по шест, осум, десет или 12 месеци по примени две дози.