Доделени годишните награди на Македонската берза

9

 

Македонската берза ги додели годишните награди за 2022 година за котираните компании членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Добитник на наградата во категоријата „Акција со најголем промет во 2022 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а во кконкуренција на АД под 50 милиони пазарна капитализација „ТТК Банка“ АД Скопје.

Во категоријата „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација наградата ја доби „Македонски Телеком“ АД Скопје, а „Макстил“ АД Скопје во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација

Наградата во категоријата „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година“, во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација ја доби  „Алкалоид“ АД Скопје, а во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е „Макстил“ АД Скопје.

Берзата додели награда и во категоријата членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции, чиј добитник е „Илирика Инвестментс“ АД Скопје, а членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници е „Еурохаус“ АД Скопје.

Во категоријата „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2022 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари. добитник е „Алкалоид“ АД Скопје, кој ја доби и наградата „Акција на годината за 2022 година по избор на јавноста“.

Годишната награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, пак, пак, и припадна на „УНИ Банка“ АД Скопје.

– Очекуваме наградите да бидат мотив не само за наградените туку и за сите други пазарни учесници во новата берзанска 2023 година, велат од Берзата.

По примерот на некои поразвиени берзи, од минатата година Македонска берза воведе целосно нов концепт и започна со доделување годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цени и број на трансакции. За овие награди пресекот согласно усвоената Методологија за доделување на наградите од страна на Одборот на директори на Берзата се прави вториот петок во декември. За останатиот дел од наградите одлучуваа специјални комисии составени од пазарните учесници, експерти и претставници на медиумите, а за наградата „Акција на годината“ пошироката инвестициска јавност преку анкета на сајтот на Берзата и Интернет порталот Фактор