Доменикали: Имавме 11 апликации за нови Гран при, но 24 трки по сезона е граница

3

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за интересот на многу земји да бидат домаќини на трка од шампионатот, но отфрли можност за повеќе од 24  Гран при во една сезона.

– Имавме 11 навистина сериозни апликации, во контекст на кои може да се зборува за можна организација на Гран при во иднина. Сериозен сум, има многу барања. И тука задачата да го направиме вистинскиот избор зависи од нас. Во исто време, бројот на Гран при во сезоната ќе остане на 24 етапи. На крајот на краиштата, не треба да заборавиме дека пред само неколку години имаше 17-18 етапи. Веќе направивме голем чекор напред додавајќи толку многу нови трки за толку кратко време. Ова беше диктирано од барањата на пазарот. Но, 24 Гран При по сезона е граница, истакна Доменикали.

Во светло на разговорите за можната организација на ГН на Чикаго во иднина, Доменикали рече дека Формула 1 дефинитивно не планира да го зголемува бројот на етапи по сезона што ќе се одржуваат во Северна и Јужна Америка.

– Тоа би било погрешно. Отидовме од една трка во Остин на три настани во САД…а потоа имаме трки во Монтреал, во Мексико Сити, во Бразил. Значи веќе има доволно такви фази во календарот. Искрено, не би очекувал дополнително зголемување на бројот на етапи во овој регион, додаде Доменикали.

Сезонава трките во Формула 1 почнаа во март, а ќе завршат во декември.