Драги Рашковски поднесе оставка од функцијата секретар во кабинетот на премиерот

28

Драги Рашковски поднесе оставка за што самиот ја информира јавноста со објава на Фејсбук. Овој негов потег доаѓа по случаите што ги отвори „360 степени“ – за набавката на софтвер што не го користи ниедна институција и за тоа дека Рашковски вози џип „Волво“ – XC90, кој не фигурира во неговиот анкетен лист. Вчера ТВ Алсат објави дека Рашковски во Побожје ќе гради хациенда од 800 квадратни метри.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, пишува Рашковски на Фејсбук.