ДРАМАТИЧНА СНИМКА: Потона јахта долга 40 метри – морето само ја проголта/ВИДЕО

1

Јахта долга 40 метри потона во близина на Катанцаро во Средоземното Море, а сите девет патници се спасени, јавуваат италијанските медиуми.

Властите во пристанишниот град Кротоне во италијанската област Калабрија добиле повик за помош од 40-метарска суперјахта која се нашла сред силно невреме и не можела да се врати на брегот.

На помош дошле италијански и романски патролен брод во близина, но спасувањето било отежнато поради силната бура, а кога пристигнале, јахтата веќе била навалена на страна и набрзо целосно потонала.

За спасување биле користени патролниот брод на командата Кротоне, единица која работи во рамките на „Фронтекс“.

Причината за несреќата се истражува.