Драма на летот на Германија од Исланд: Авионот мораше итно да слета во Шкотска

7

Германската репрезентација уверливо славеше во Рејкјавик и со 4:0 победи во квалификациите за Светското првенство 2022 година и така се зацврсти на врвот во нашата група Ј.

На враќањето од Исланд германските репрезентативци доживеја вистинска драма поради проблеми со авионот, кој мораше да слета во Шкотска, пишува Дејли Мејл.

Авионот летал на Шкотска на висина од околу 8800 метри, пет километри западно од Арброут, кога нагло тргнал на десно и забрзано почнал да се спушта, а пилотот барал вонредно слетување во Единбугрг.

Се уште не се знае која е причината за вонредното слетување на Боингот 737, со кој летале Германците, туку само е пријавено дека имаат итен случај.

По дваесетина минута, околу четири часот наутро, авионот сигурно слетал во Единбург, од каде репрезентативците поединечно го продолжиле патот кон своите дестинации.