ДУИ со конечен предлог за министри во новата Влада

197

ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства на кои ќе има нивни кадри. Тоа се истите оние кои ТВ21 ги објави денеска во текот на денот, кои се споменуваа како решенија за министерствата.

Вечерва партијата на состанокот на централното раководство ги потврди предлозите, а тие се:

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

За министерството за информатичко општество се споменуваше името на Ширет Елези, но од извори блиски на партијата дознаваме дека тоа дополнително ќе биде одлучено.

Од претходно беше познато дека Талат Џафери ќе остане претседател на Собранието и во следните четири години.