Дупката во буџетот за годинава ќе биде скоро милијарда евра

33

Домашната економија годинава се очекува да забележи пад од -4,4 отсто од БДП според најновата владина проекција. Вториот ребаланс ја зголеми расходната страна за 4,2 насто или држваата планира да потроши рекордни 4,1 милијарди евра. Приходната страна останува непроменета односно ќе се соберат 3,1 милијарди евра од даноци и давачки. Министерството за финансии успеа од другите министерства и институции да скрати едвај 44 милиони евра непотребни трошоци. Првичните најави беа далеку повисоки.

„Во однос на капиталните имаме помалку 1,2 милијарди денари, а исто така се кратени скоро една милијарда од стоки и услуги. Мебел, возила во одредени институции, знаеме дека нема да се реализраат одредени набавки кои ги имаат предвидено, рекострукција на одрдени помали зафати во обејките и такви работи главно тоа е скратено“, рече Фатмир Бесими- Министер за финансии.

Буџетскиот дефицит ќе достигне 8,4 отсто од БДП, или ќе изнесува 920 милиони евра. Бесими тврди дека дефициот ќе се покрие само од домашно задолжување преку депозитите што ги има државата и со издавање на краткорочни државни хартии од вредност.

„Финансирање на дефицитот соодветно ќе се задолжиме на домашниот финансикси пазар. Секако дека тој износ ќе варира. Сега имаме калкулации дека од 100 до 150 милиони евра зависно од тоа како ќе биде реализацијата на буџетот, така ќе биде и задолжувањето. Со тоа што задолжувањето ќе биде со краткорочни записи од шест месеци или до година дена“, додава Бесими.

Бесими не откри колку би изнесувал јавниот долг на државата, но со новото задолжување сигурно ќе биде нешто над 60 отсто од БДП. Вториот ребаланс владата го најави како непходен за финансирање на четвртиот сет економски мерки наменет за справување за кризата. Со новото прекројување на државната каса, платите, пензиите,социјалните трансфери, субвенциите остануваат непромененети.