Дуро: Задоволен сум од тимот

8

Македонскито фудбалски шампион Струга Трим Лум вчеравечер емизираше без голови на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Жалгирис во Литванија. Задоволен од изданието на своите избраници е тренерот на стружани, Шпетим Дуро.

– Првата средба на нашиот тим во Лигата на шампионите е позитивна, како резултатски, така и според начинот на интерпретација на играта. Презадоволен сум од тимот, рече Дуро на прес-конференцијата по натпреварот со 10-кратнито литвански првак.

Тој додаде дека вкупниот победник ќе биде решен на вториот меч во Охрид, кога ќе се одиграат уште 90 минути, не исклучувајќи ги тука можеби продолженијата, па дури и пеналите.

-На овие средби се е можно. Реков дека се завршува дури по 180 минути, но денеска дефинитивно ќе морам да му честитам на тимот за овој резултат и за овој натпревар што го одигравме. На крајот ремизиравме, но имавме неколку можности да го добиеме мечот, но важно е што тимот исклучително добро ги одработи задачите. Видовте дека противникот немаше никаква опасност, освен во еден момент, а ние ги имавме почисти шанси за гол. Имаме време во текот на неделата да размислуваме за вториот натпревар, но велам дека се е отворено, со оглед на тоа што е систем со две средби, потенцира Дуро.

Реваншот против Жалгирис на распоредот е на 18 јули со почеток во 17 часот на градскиот стадион во Охрид.