Д-р Беќаровски: Свесно загрозување на јавното здравје е присуство на невработени цивили во ковид-центрите

21

Д-р Нуредини тврди дека посетите не биле подолги од 15 минути и дека се знае оти тоа е казниво.

„Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница”, објави д-р Нико Беќаровски, токсиколог, на неговиот Фејсбук профил.

Координаторот на ковид центарот во Тетово, д – р Гзим Нуредини, за Телевизијата 24 вести синоќа изјавил дека меѓу починатите лица двајца се цивили, а другите 12 биле хоспитализирани пациенти, позитивни на ковид – 19.

Во јавноста не престануваат реакциите откако беше обелоденето дека во ковид-центарот во Тетово некои од заболените биле придружувани и од нивни роднини, бидејќи се зголемува опасноста да се прошири инфекцијата со коронавирусот.

Д-р Нуредини тврди дека посетите не биле подолги од 15 минути и дека се знае оти тоа е казниво.

– Ковид центарот беше снабден со неопходниот кадар како лекари, специјалисти, технички персонал, медицински сестри, така што немавме никакви проблеми. Што се однесува до посетите од страна на роднините, кај нас има пациенти коишто се роднини на некои од медицинските сестри или други вработени. Можеби и тоа допринесува да има роднина на некој пациент, но сите тие беа задолжени да ги почитуваат анти – ковид мерки, така што не ги остававме посетата да им трае подолго од 15 минути. Се знае дека тоа е казниво, изјави д-р Нуредини синоќа за 24 вести.